Англија пресече, нема навивачи на Данска на Вембли

1561

Иако во продажба за полуфиналето од ЕУРО помеѓу репрезентациите на Англија и Данска се пуштени 60.000 билети, сепак ниту еден од нив нема да биде наменет за навивачите на Данска. Причина за тоа е секако фактот што Англија како држава нема да им дозволи на навичите на оваа репреземтација да допатуваат на Островот, и да го следат мечот. Мора најпрво да одлежат десетдневен карантин што секако не е можно.

Со ова дефинитивно се става крај на сите шпекулации за и околу присуството на публиката на овој меч.
За Данците ова и не е којзнае каков шок затоа што ова и се претпоставуваше како одлука. Сепак, тоа што не им оди во прилог, нема да ги поколеба, затоа што сите знаеме што се се случи со оваа селекција за време на тековното ЕУРО, а Данска е полуфиналист.

 

ПретходноМанчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Лук Шо
СледноДмитровиќ е нов голман на Севиља