Аспиликуета знае каде е ранлива Италија: „Само да го запреме тој играч…“

571

ФОТО: Твитер ЕУРО 2020

Шпанија против Италија во првото полуфинале на ЕУРО 2020. Двете репрезентации прикажаа допадлив фудбал и заслужено се меѓу четирите најдобри на стариот континент. Натпреварот се игра во вторник од 21 часот на „Вембли“ во Лондон.

Бекот на Шпанија, Сезар Аспиликуета вели дека знае каде Италија е најранлива. Прстот го впери кон неговиот соиграч од Челзи, Жоржињо.

Жоржињо се покажа како клучен играч на Италија на ова ЕП. Тој има голем квалитет, сака да ја држи топката во нозете и да ја контролира играта. Ако сакаме да имаме шанси за финале мораме да му ги намалиме можностите. Мораме да се потрудиме да не му дозволиме премногу простор да размислува и да ја влече топката“, вели Аспиликуета.

ПретходноГП НА АВСТРИЈА: Триумф на Верстапен, негова петта победа сезонава!
СледноМарио Крстовски заминува во Зрински