Барселона и Вулфс завршија работа

492

Барселона и Вулверхемптон и ова лето завршија работа. Минатото пристигна Нелсон Семедo, а денеска Франциско Тринкао.

Сето ова дојде по малку неочекувано, иако се најавуваше како можност. Изненадувачки е што клубовите без претходна најава го објавија заминување на Португалецот како позајмица во редовите на Вулфси.

Англискиот клуб ќе ја превземе платата на младиот крилен напаѓач и нема обврска да го откупи неговиот договор следното лето. Но, таа опција ќе биде достапна за 29 милиони евра.

Тринкао во Барселона стигна минатото лето од Брага за 31 милиони евра, одигра 43 меча, постигна три гола, но никогаш не беше прва опција кај Роналд Куман.

ПретходноДанците се жалат за Баку и Азербејџан: Најголема фудбалска ѕвезда им е линиски судија!?
СледноДончиќ покажа дека е голем патриот