Англискиот премиерлигаш Кристал Палас има нов тренер. На местото на Рој Хоџсон доаѓа некогашниот француски репрезентативец Патрик Виеира.
Виеира потпиша договор до летото 2024 година и ова ќе му биде трет тренерски ангажман после Њујорк Сити и Ница. Инаку тој е првиот француски тренер кој ќе работи во Палас. Овој лондонски клуб ретко се потпирал на странци, само двајца надвор од Британија. Едниот е Атилио Ломбардо кој го водеше тимот на 10 натпревари во 1998 година и Холанѓанецот Франк де Бур во 2017 година кој не се прослави.