Полуфиналниот натпревар на Еуро 2020 меѓу Италија и Шпанија ќе го суди германски судија, потврдија денеска од УЕФА.
Главен судија на дуелот во вторник на „Вембли“ ќе биде Феликс Брих, а негови помошници ќе бидат неговите сонародници Марк Борш и Стефан Луп. Последниот натпревар кој Брих го судеше на ова ЕП беше 1/8-финалната битка меѓу Белгија и Португалија.