Данците се надеваат на финале: „Играме за Ериксен“

133

После двата порази од Финска и од Белгија, малку кој се надеваше дека Данска ќе успее да стигне дури до полуфиналето на ЕУРО. Случувањата со Кристијан Ериксен уште во првото коло шокантно делуваа за Данците, па така не можејќи да ги држат конците во свои раце, загубија од Финска, а потоа и од Белгија, но на крајот ја совладаа Русија со 4:1 што беше доволно за пласман во 1/8 финале, па преку Велс и Чешка, ете ги и меѓу најдобрите четири селекции.

Впечатоците по вчерашниот меч против Чешка ги споделиjа Кјер и Шмајхел.

„Ова е чудо, ова е лудо. Пред натпреварот имавме цел да се избориме за натпревар на Вембли. Тоа што е Кристијан Ериксен добро, значи дека можеме да продолжиме да буткаме. Знае дека играме за него“, порача капитенот Симон Кјер.

„Тешко е да се пронајдат зборови, знаевме дека ќе биде тешко. Игравме со противник кој има огромна сила и кој исто така има интензитет како и ние. Првото полувреме беше одлично, во второто рано примивме гол, а потоа ни направија голем притисок. Но, издржавме“, рече Каспер Шмајхел.

ПретходноКошарка, квалификации за ОИ: Грција ја победи Турција, Чешка ја изненади Канада
СледноСпинацола паузира најмалку пет месеци, соиграчите му дадоа огромна поддршка (ВИДЕО)