Роналдо и Шик со ист број голови – ако остане вака, кој ќе биде најдобар стрелец?

1852

Кристијано Роналдо и Патрик Шик во моментов се водечки стрелци на ЕУРО со пет голови. Португалецот сите пет гола ги даде во групната фаза, додека Шик вчера постигна еден против Данска, но недоволен за пласман во следната фаза.

Во случај да остане вака до крајот на првенството, тогаш кој ќе ја добие наградата за најдобар стрелец?

Тоа ќе биде Кристијано Роналдо и тоа благодарение на асистенцијата која ја има во досегашниот тек на ЕУРО 2020. Шик нема ниту една, па така ако остане вака, Португалецот ќе се закити со наградата.

Во моментов двајцата се недостижни (Бензема, Форсберг и Лукаку имаат по четири, но се елиминирани). Закана им се Стерлинг и Кејн од Англија кои имаат три гола, и Долберг исто со три, и кои уште се во игра за повеќе.

ПретходноМеси ја однесе Аргентина во полуфинале на Копа Америка, Колумбија на пенали го исфрли Уругвај (ВИДЕО)
СледноЧетворица Бразилци доаѓаат во Академија Пандев!