Хери Кејн сега е на само еден гол од рекордот на Гери Линекер ко засега е рекордерот на Англија со десет погодови на големите натпреварувања. Кејн со двата гола во победата од 4:0 над Украина во четвртфиналето на Евро 2020, стигна до девет гола што значи дека е на прагот да го мине Линекер.
Интересно е да се напомене дека сите 10 гола на Гери Линекер за Англија на големите шампионати се на светските првенства.
Кејн веќе има вкупно 37 голови на 59 натпревари за „трите лава“, а против Данска во полуфиналето ќе се обиде да го сруши рекордот на Линекер.