Мелвин Ричардсон е ново засилување на Барселона за новата сезона. Актуелниот европски првак и францускиот репрезентативец потпишаа четиригодишна соработка.
За Ричардсон ова е прво меѓународно искуство, донесе одлука да не го продолжи договорот со Монпелје и да бара нов предизвик. Десниот бек ќе биде вистинско освежување за каталонскиот бек, особено ако се земе во предвид дека добро се снаоѓа и како среден бек.
Претходно Барса ги донесе левиот бек Али Зеин, левото крило Анхел Хернандес, како и голманот Лео Масиел.