Дефанзивецот на италијанската фудбалска репрезентација, Леонардо Спинацола, кој се здоби со повреда на Ахиловата тетива на мечот од четвртфиналето на Еуро 2020 против Белгија, ќе биде надвор од фудбалските терени меѓу 6 и 7 месеци. Веста ја потврдиле лекарите по последните прегледи врз направени врз фудбалерот.
По победата над Бразил, италијанските репрезентативци силно испратија зборови на поддршка за Спинацола, но тој нема да може да им помогне во преостанатиот дел на патот кон европската титула.