Шпанските медиуми најавуваат трансфер на Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Фудбалерот кој минатата сезона пристигна како звучно име на „Олд Трафорд“ не успеа да се вклопи во селекцијата на Солскјер, па сега ќе се обиде да се докажува кај Анчелоти во Реал.
Шпанските медиуми наведуваат дека финансиската криза која ќе се почувствува кај Реал Мадрид следната сезона ќе ги натера „кралевите“ да штедат на големи трансфери.
Затоа славниот италијански тренер ќе се обиде да го ангажира Ван де Бек на позајмица.