ОФИЦИЈАЛНО: Алиоски заминува од Лидс Ј.! (ВИДЕО)

1365

Егзџан Алиоски и официјално заминува од Лидс Јунајтед. Англискиот премиерлигаш попладнево објави дека може да ја потврди одлуката за завршувањ ена 4-годишпната соработка со нашиот репрезентативец.

Од Лидс Ј. објавуваат дека не успеале да постигнат договор со неговите претставници и неговиот постоечки договор истече минатата недела.

Директорот на Лидс Ј., Виктор Орта го пофали Џани за улогата што ја играше во тиморт за време на историскиот период за клубот.

„Знаев дека Џани ќе биде посебен во моментот кога влезе во зградата. Емоциите што ги видов во неговото лице и лицето на неговите родители кога го потпишаа неговиот договор тука во Еланд Роуд беше убав момент и бев сигурен дека ќе даде сè за Лидс Јунајтед. Дури тој ги надмина моите очекувања“, вели Орта.

Алиоски забележа вкупно 171 настапи за „белите“, постигнувајќи 22 гола за четири години.

ПретходноЈунајтед статуваше со подготовки
СледноБајиќ ги отвори вратите за синовите на легендарните македонски кошаркари