Уште едно изненадување: Чешка ја прегази Грција и обезбеди олимписка виза

352

Откако ги победи домаќините на турнирот во Канада, Чешка утрово во последното финале кое води на ЛОИ во Токио, успеаја да ја прегазат Грција со 97:72 и како последна репрезентација да се пласираат на олимпискиот кошаркарски турнир.

Ова е уште еден историски резултат во овие квалификации, откако вчера и Словенија за првпат обезбеди олимписка виза.

Патрик Ауда со 20 поени и Јаромир Бохачик со 15 ги предводеа Чесите до победа, додека Јан Весели (16) и Томас Саторански (12) само се вклопија во извонредната тимска игра на победниците.

ПретходноМарио Балотели се сели во Турција
СледноНе успеа во Манчестер Ј., па сега ќе се проба во Реал (М)