Досегашниот стопер на тимот на Струга Трим Љум, Александар Ристевски е нов играч на тимот на тимот на Работнички.
„Ристевски е искусен прволигашки играч кој веруваме ќе ни донесе нов квалитет во одбраната. Веруваме дека брзо ќе се вклопи во средината и дека ќе се наметне во дресот на Работнички“, изјави спортскиот директор на клубот, Горан Станковски.
Работнички в среда ќе го одигра третиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки, против Тиквеш во Кавадарци.