Тјери Анри како голем џентлмен замина од селекцијата на Белгија на која беше помошник. Легендарниот Французин ја напушти Белгија и после СП 2018 и сакаше да се проба како тренер. Потоа го прифати повикот непосредно пред ЕУРО да биде дел од репрезентацијата на Белгија, а по испаѓањето тој се реши повторно да замине.
Меѓутоа на заминување порача дека се откажува од сите плати во овој период, и дека ќе ги донира во хуманитарни цели.
Навистина голем гест од некогашниот голгетер меѓудругите и на Арсенал и Барселона.