Бајиќ ги отвори вратите за синовите на легендарните македонски кошаркари

2086

Драган Бајиќ немаше многу среќа пред почетокот на тешките битки во светски рамки. На дебито на клупата на Македонија, поточно во претквалификациите за место во квалификациите на СП, предводникот на нашиот најдобар кошаркарски тим, остана без услугите на капитенот, Војдан Стојановски и неговиот брат-близник Дамјан Стојановски.

Новонастанатата ситуација го принуди Бајиќ да менува кога станува збор за поширокиот список. Тој објави да вида на списоци, првиот со „сигурни 13“ кошаркари и вторит список со млади идни надежи. Станува збор за генерација до 20 и до 18 години, на која дефинитивно треба да и се даде шанса, оти времето одамна ја згази Македонија на овој план.

Интересно е што на списокот на млади кошаркари се најдоа синовите на некогашните македонски репрезентативци. Рубин Стефанов, Михаил Наумоски и Дино Боцевски. За разлика од своите претходници кои точно знаеја на кого да му дадат шанса, овој пат Бајиќ тоа ќе го стори пред официјалниот собир, кој е закажан за 12. јули.

На оној втор список се најдоа и имиња кои порано беа на поширокиот список, но сега треба да го минат првиот филтер за да го заслужат местото во подготовките. Така на пример меѓу нив е Виктор Ефремовски, иако има поголемо искуство од останатите тој мора да се појави на 10. јули, а дури потоа ја чека одлуката на Бајиќ.

Машката сениорска репрезентација оваа година учествува во група од претквалификациите за пласман на Светско првенство која ќе се одржи во периодот од 12. до 18. август во Скопје.

ВТОР СПИСОК

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Димитар Иванов (МЗТ Скопје Уни Банка)

Михаил Наумоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Андреј Андоновски  (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Лејсон Зекири (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Ефремовски (Работнички)

Валмир Какруки (Навико Академија ФМП)

Андреј Настовски (Црн Дрим)

Андреј Митревски (ТФТ)

Иван Волкановски (Куманово 2009)

Оливер Двојаковски (Навико Академија ФМП)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Дино Боцевски (Стела Аѕура-Италија)

Марко Миловановиќ (Јуви Кремона-Италија)

Рубин Стефанов (Крабс Баскет Римини-Италија)

 

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Алиоски заминува од Лидс Ј.! (ВИДЕО)
СледноАлександар Исаевски нов играч на Тирана