Димче Тодоровски е назначен за нов тренер на новиот второлигаш Локомотива Градско.
Тодоровски во минатото беше на клупата на Плачковица, сега ја добива довербата од раководството на тимот да ја води екипата низ второлигашката конкуренција.
Задржани се сите играчи, а ќе бидат донесени и неколку засилувања. Целта на клубот е опстанок во Втората лига исток.
Досегашниот тренер Сашко Пановски останува во стручниот штаб, додека нов тренер на голмани е Сашко Паунов.