Калин Ивановски се најде во второто коло на Вимбдлон, откако дојде до голема победа над 10. носител. Нашиот најдобар млади тенисер го совлада Американецот, Дејли Бланш со 2-0 по сетови 7-5 и 7-4.
Ивановски имаше проблем во првиот гем, му дозволи брејк на Американецот, но влезе во ритам, па дојде до 7-5. Во вториот сет, во тај-брејкот беше подобар, на крајот сосема заслужено се најде во второто коло. За противник нашиот тенисер ќе го има Литванецот, Едас Бутвилас.