Во контролен натпревар во СРЦ Кале, Македонија У18 изгуби од „Атлети во акција“, комбиниран американски тим со 59:92. Нашите јуниори беа рамноправни само во првите 20 минути, а немаа сили понатаму да се вратат во натпреварот.
Претходно „Атлети во акција“ беше подобра од селекцијата на Македонија У20.
Утре од 20.часот, во СРЦ „Кале “ следува нова репрезентативна „контрола“. На теренот ќе истрча нашата селекција У20, која ќе игра против соодветната селекција на Украина.