Не успеа во Манчестер Ј., па сега ќе се проба во Реал (М)

373

Шпанските медиуми најавуваат трансфер на Дони ван де Бек од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид. Фудбалерот кој минатата сезона пристигна како звучно име на „Олд Трафорд“ не успеа да се вклопи во селекцијата на Солскјер, па сега ќе се обиде да се докажува кај Анчелоти во Реал.

Шпанските медиуми наведуваат дека финансиската криза која ќе се почувствува кај Реал Мадрид следната сезона ќе ги натера „кралевите“ да штедат на големи трансфери.

Затоа славниот италијански тренер ќе се обиде да го ангажира Ван де Бек на позајмица.

ПретходноУште едно изненадување: Чешка ја прегази Грција и обезбеди олимписка виза
СледноПознат изгледот на групите за ЛОИ во Токио: Словенците со Шпанија и Аргентина