Од Баерн Минхен и бронза со Германија на СП, до борба за трансфер во трета лига

3879

Некогашниот германски репрезентативец Холгер Бадштубер, носител на бронзен медал од СП во 2010 година, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во германската 3. Бундеслига. За 34-годишниот дефанзивец е заинтересирана екипата на Дуизбург, откако минатата сезона Бадштубер играше во германската регионална лига како дел од вториот тим на Штутгарт.

Бадштубер дебитираше во Бундеслигата за Баерн Минхен во сезоната 2009/10 на 19-годишна возраст, а подоцна стана витален дел од тимот кој ја освои Бундеслигата и Купот и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите истата година.

ПретходноПромовирана топката со која ќе се играат завршните мечеви на ЕУРО!
СледноКожув се засили со Вилијамс од Пелистер