Операција „чистење“: Лапорта отвори распродажба, само за да собере пари за нов договор на Меси

1137

Шпанска „Марка“ утрово пишува дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, почна со финална „чистка“ во тимот за да собере пари за новиот договор на Лионел Меси. Со оглед на тоа што постојат неколку фактори што го попречуваат потпишувањето на новиот договор на Аргентинецот, Барса се обидува во чекор да ги реши и да му овозможи простор на Лео за продолжување на престојот на „Камп Ноу“.

Прва и најбитна работа е ослободување на финансиски средства за новиот „дил“ со меси. За таа цел, Лапорта оваа недела го испрати Тринкао во Вулверхемптон, кој ќе му ја плаќа цела плата, а може и да го купи следното лето. Потпишувањето на Жуниор Фирпо со Лидс ќе биде објавено наскоро, а сумата која Каталонците ќе ја инкасираат ќе биде околу 15 милиони евра.

Пјаниќ и Умтити добиле предлог за раскинување на договорите, но ги одбиле, па сега Лапорта оди на нова варијанта со нивна експресна продажба. За Пјаниќ се интересира Тотенхем, за Умтити ќе биде малку потешко, затоа што Французинот се заинати и не сака да си оди пред истек на договорот.Ако и двајцата, сепак, си одат, Барса само од нив ќе ослободи 35 милиони евра . Следен на листата за заминување е Кутињо, за кого Лапорта очекува околу 50 милиони евра. Неговото заминување е клучно, но ќе биде потребно да се види дали има некој заинтересиран тим да го купи или неговото заминување ќе биде во форма на позајмица. Се претпоставува дека Лапорта нема да ги поштеди ниту Брајтвајт, Алења и Ленглет, но на нив и нема да заштедат многу.

Последна операција која Лапорта ја има на ум е евентуалната продажба на Гризман. Тоа е последната карта во ракавот на претседателот на Каталонците за да се задржи Меси на „Камп Ноу“ и истата ќе се активира, само доколку не бидат успешно ослободени 80-тина милиони евра од други трансфери.

ПретходноИталија посилна за Галинари, Белинели и Датоме на ЛОИ во Токио?
СледноМура полета за Скопје со 22 фудбалери