Првата рунда преговори меѓу Ливингстон и МЗТ Скопје – неуспешна

607

МЗТ Скопје продолжува да го гради тимот за новата сезона, во која за задача ќе има да ја одбрани двојната круна во домашниот шампионат, но и одново да се обиде да се врати во АБА-лига.

Раководството на клубот на клупата го остави Дарко Радуловиќ, а нови договори потпишаа Крстевски и Мекиќ, договорен е Робев, се чека на Магдевски.

Во меѓувреме додека се созадава „костурот“ од домашни кошаркари, што пак е на прво место на овој тим, секако се бара квалитетно странско засилување. На радарот на МЗТ Скопје е Отис Ливингстон, кој го носеше дресот на Куманово.

Американецот и актуелниот првак првата рунда на преговори ја завршија неуспешно, па овој трансфер е ставен под знак прашалник.Нема да биде чудо доколку првите луѓе на клубот тргнат кон ново име.

ПретходноФудбалот во Англија се враќа во нормала, мечевите ќе се играат пред полни трибини!
СледноКалин Ивановски во второто коло на јуниорскиот Вилблдон