Селекцијата на Србија (не)очекувано загуби од Италија во финалето на олимписките квалификации одиграни во Белград, и така селекцијата предводена од Игор Кокошков не обезбеди учество во Токио.
Веднаш после поразот, нешто се случува во селекцијата, а за тоа доволно говорат изјавите на Немања Бјелица и Василије Мициќ. Едниот најави дека ќе размисли дали ќе игра повторно за националниот тим, а вториот, пак, не одговори на прашањето зошто не играл во вториот дел.
„Ова е катастрофа, треба да се запрашам дали да играм. Не е проблем што сум дел од неуспехот, и не бегам од одговорноста. Очигледно дка не можам да помогнам на екипата“, рече Бјелица.
На прашањето зошто толку малку играше во вториот дел, Мициќ само кратко одговори.
„Ништо, ќе се слушне“, по што ги напушти новинарите.