Еден од најдобрите фудбалери на тековното ЕУРО, Леонардо Спинацола кој се повреди за време на четвртфиналето, денеска беше опериран во Финска. Страдаше неговата ахилова тетива, што е сериозно тешка повреда, и од која ќе му треба време да се опорави.
Сепак, тој е велат силно момче кое без проблем ќе го преброди и овој тежок период. Не му недостасува ведар дух, и мотивација, а ниту сила, па затоа на огромно задоволство на сите, тој планира да замине за Англија и да го гледа потенцијалното финале в недела на Италија на Вембли.
Ова секако, доколку „Азурите“ утре ја совладаат Шпанија во полуфиналето и се пласираат во последниот меч на ЕУРО.