Италијанскиот репрезентативец Леонардо Спинацола беше успешно опериран по тешката повреда за време на мечот со Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2020. Тој беше испратен во Финска на операција на Ахиловата тетива каде што беше успешно завршена и него го чека пауза од шест месеци.
„Операцијата беше успешно спроведена во Турку, Финска од страна на докторот Ласе Лампаинен и под присуство на клупскиот доктор Масимо Манара. Фудбалерот е во добра здравствена состојба и сега го чека период на рехабилитација“, соопштија од Рома.
Спинацола веќе се огласи на Инстаграм:
„Операцијата добро помина. Ви благодарам на сите за поддршката, навистина добив многу пораки на поддршка. Одбројувањето започнува сега… се гледаме наскоро“, напиша Спинацола.