Фудбалскиот клуб Тетекс продолжи со работа за формирање на тимот за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига и ги обнови договорите со тројца млади фудбалери: Никола Сарески, Руфат Чилафи и Ринор Ајдини. Стручниот штаб им дава шанса за напредување и за покажување на својот квалитет.
Претходните денови Тетекс ги обнови договорите со осум фудбалери: Борјан Пановски, Силвио Ангеловски, Нинослав Здравкоски, Сенад Ислами, Виктор Јовановски, Кристијан Јордановски, Димитар Иванов и Хусеин Демири, како и шефот на стручниот штаб Славчо Георгиевски и неговиот помошник Дејан Цветковски.