Уште еден фудбалер се прости од репрезентацијата на ова ЕУРО

1932

Простувањата од ова ЕУРО веројатно ќе продолжат, а најновиот на таа листа е капитенот на чешката репрезентација Владимир Дарида. Фудбалерот по натпреварот со Данска и елиминацијата, соопштил дека тоа е негов последен настап во дресот со државниот грб.

Дарида има 30 години, и игра за Херта. Играчот од средниот ред за чешкиот национален тим забележа 76 официјални настапи и постигна осум голови.

Во минатото Дарида го носеше дресот на Фрајбург и на Викторија Плзен.

На ова ЕУРО од националниот тим веќе се простија Горан Пандев, Иван Тричковски, Тони Крос, а уште неколку размислуваат и најавија дека ќе се повлечат.

ПретходноЖФК Каменица Саса се засили со Шопска
СледноВајли промовиран во Будуќност