Откако ги победи домаќините на турнирот во Канада, Чешка утрово во последното финале кое води на ЛОИ во Токио, успеаја да ја прегазат Грција со 97:72 и како последна репрезентација да се пласираат на олимпискиот кошаркарски турнир.
Ова е уште еден историски резултат во овие квалификации, откако вчера и Словенија за првпат обезбеди олимписка виза.
Патрик Ауда со 20 поени и Јаромир Бохачик со 15 ги предводеа Чесите до победа, додека Јан Весели (16) и Томас Саторански (12) само се вклопија во извонредната тимска игра на победниците.