Францускиот шампион од четврти обид си најде тренер

559

Францускиот првак Лил го најде наследникот на Кристоф Галтие кој замина во Ница пред една недела. Кормилото на популарните „Доги“, на општо изненадување, го презема Жоселин Гурвенек, поранешниот тренер на Бордо и на Генгамп.

Гувернек се враќа во тренерските води за првпат по мај 2019 година кога замина од Генгамп каде што беше творец на цутот на овој клуб и пласманот во квалификациите за Лига Европа. Со истиот клуб во 2014 година го освои Купот на Франција.

Ова е изненадување затоа што Лил имаше други планови, но Лоран Блан, Лусијан Фавр и Патрик Виеира ги одбија понудите. Па изборот падна на Гувернек кој потпиша двегодишен договор.

 

ПретходноТетекс им дава шанса младите сили, продолжи со Сарески, Чилафи и Ајдини
СледноБарселона и официјално го промовираше Мелвин Ричардсон