Шимунга: Шкендија е поискусна од нас, опасна е во контранапади

494

Екипата на Мура е утрешниот противник на нашиот шампион Шкендија во рамките од првото квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Словенечкиот претставник во Скопје доаѓа мотивиран и со желба за поволен резултат, а на официјалната прес конефернција тренерот Анте Шимунга изјави дека на Шкендија и ја дава фаворитската улога.

„Шкендија како тим има и добри и лоши страни. Како и секој тим. Добрите се што се многу искусна екипа, која долго време игра заедно, а најсилно оружје е контрапанадот на овој тим. Слабите страни би ги задржал за себе“, изјави Шимунга а додаде.

„Мислам дека овој двомеч ќе се реши во реваншот во Словенија. Што очекувам како реџзултат утре? Очекувам да минеме во овој двомеч“.

Жига Коус: Ги анализиравме, и знаеме што може Шкендија

Еден од најдобрите играчи во моментов на Мура, Жига Коус истакна дека Шкендија не е непознаница за нив во моментов.

„Доста го анализиравме противникот. Гледавме мечеви од нив во изминатиот период знаеме за што се способни, но и ние добро работевме и едвај чекаме да дојде утрешниот меч“, изјави Коус.

ПретходноТурците почнаа со наддавање за Џани: Галата е најблиску, Фенер и Трабзон во игра
СледноАлександар Ристевски нов играч на Работнички