Ѓока: Подготвени сме да „отвориме“ во Европа на добар начин

366

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, утре со почеток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески го игра првиот меч од дуелот против шампионот на Словенија, тимот на Шкендија.

Стратегот на Шкендија, Ернест Ѓока смета дека екипата е подготвена за она што следува.

„Ситуацијата со тимот е одлична. Освен Бруно Дита сите останати се подготвени з аопвој дуел. Мислам дека сме подготвени за овој дуел, добро работевме за време на подготовките. Имаме искуство со играње во Европа, но секако дека нема да ни биде лесно. Пред себе имаме квалитетен противник но ние имаме свои планови и амбиции“ – изјави тренерот на Шкендија.

Бејтуали: Мура не е тим што не се победува, сакаме групна фаза Луга на Шамиони

Од друга страна, капитенот на Шкендија, Егзон Бејтулаи вели дека противникот не е ривал кој е непобедлив, напротив.

„Нормално дека Мура има свои квалитети но далеку од тоа дека е непобедлив тим. Ние сме Шкендија, и сакаме оваа година да стигнеме што подалеку во Европа. Моја лична желба, а и желба и на моите соиграчи е групната фаза од Лигата на Шампионите“ – изјави капитенот на Шкендија, Бејтулаи.

ПретходноКалин Ивановски во второто коло на јуниорскиот Вилблдон
СледноМилер ја критикуваше тактиката на Лев