Ајнтрахт во Ривер Плата ја најде замената за Андре Силва

219

Ајнтрахт Франкфурт го продаде Андре Силва на РБ Лајпциг, но експресно ја пополни дупката во нападот по неговото заминување. Нов член на бундеслигашот е Рафаел Сантос Боре кој доаѓа од Ривер Плата за која настапуваше изминатите четири сезони.

Тој со клубот од Франкфурт потпиша четиригодишен договор, доаѓа како слободен играч и неофицијално, ќе заработува по 2,5 милиони евра на годишно ниво.

Боре за Ривер одигра 80 натпревари и постигна 31 гол, а има шест натпревари за Колумбија. Во кариерата има искуство во Европа, затоа што беше член на Атлетико Мадрид за кои не заигра ниту еднаш, а една сезона беше позајмен во Виљареал (17 натпревари, 2 гола).

Има играно и за Депортиво од Кали.

ПретходноЃоковиќ повторно ја коментираше публиката
СледноТетекс им дава шанса младите сили, продолжи со Сарески, Чилафи и Ајдини