Голманот на Колумбус Блу Џекетс, Матис Кивленикс почина откако го погодила ракета за огномет, соопштија од американската Национална хокеарска лига (НХЛ) опишувајќи го овој настан за трагичен.
„Ова е трагедија. Не можеме да поверуваме дека Кивленикс го нема“, изјави директорот на Блу Џекетс, Џон Дејвидсон.
Претходно се тврдеше дека 24-годишниот голман починал поради повреда на главата после пад во базен бегајќи од ракета за огномет. Меѓутоа аутопсијата утврдила дека ракетата го погодила во градите и експлодирала, а потоа тој паднал во базенот и притоа ја удрил главата.
Несреќата се случила во куќа во местото Нови, предградие на Детроит, каде летонскиот голман бил во друштво со уште неколку пријатели.
Кивленикс е роден во Рига, играл за Призна Рига, а потоа заминува во Америка каде потпишува за Кливленд Монстерс, а од таму во 2017 година заминува во Колумбус Блу Џекетс. Тој играше и за летонската репрезентација.