Македонија У18 загуби од „Атлети во акција“ во тест-меч

165

Во контролен натпревар во СРЦ Кале, Македонија У18 изгуби од „Атлети во акција“, комбиниран американски тим со 59:92. Нашите јуниори беа рамноправни само во првите 20 минути, а немаа сили понатаму да се вратат во натпреварот.

Претходно „Атлети во акција“ беше подобра од селекцијата на Македонија У20.

Утре од 20.часот, во СРЦ „Кале “ следува нова репрезентативна „контрола“. На теренот ќе истрча нашата селекција У20, која ќе игра против соодветната селекција на Украина.

 

ПретходноБонучи за полуфиналето со Шпанија: „Ќе биде тешко, тие се ментално силни и компактни“
СледноФедерер го „збриша“ Сонега и по 18-ти пат ќе игра четвртфинале на Вимблдон