Германија настапот на ЕУРО го заврши во осминафиналето, откако беше елиминирана од Англија, загуби со 2-0. Томас Милер имаше вистинска шанса да израмни на 1-1, но промаши цел гол.
По турнирот, германската селекција доби нов селектор, на местото на Лев доаѓа Ханси Флик.
Во меѓувреме Милер јавно ја критикуваше тактиката на сега веќе екс-предводникот.
„Нашата фиксација да не непримиме на гол, користејќи компактна и дефанзивна стратегија на чекање е причината што не успеавме на Еуро“, изјави Милер.