Некогашниот германски репрезентативец Холгер Бадштубер, носител на бронзен медал од СП во 2010 година, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во германската 3. Бундеслига. За 34-годишниот дефанзивец е заинтересирана екипата на Дуизбург, откако минатата сезона Бадштубер играше во германската регионална лига како дел од вториот тим на Штутгарт.
Бадштубер дебитираше во Бундеслигата за Баерн Минхен во сезоната 2009/10 на 19-годишна возраст, а подоцна стана витален дел од тимот кој ја освои Бундеслигата и Купот и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите истата година.