Фудбалот во Англија се враќа во нормала, мечевите ќе се играат пред полни трибини!

366

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон соопшти одлични вести за фановите, но и клубови од оваа земја.

Од 19. јули спортските натпревари ќе се играат пред полни трибини, нема ограничување на капацитетот како што беше претходно. Но, сепак има еден услов за навивачите. За да влезат на стадион ќе мора да покажат негативен Ковид-тест, во спротивно нема да можат да го бодрат својот тим.

Ова е одлична вест и за клубовите, одново ќе можат да продаваат влезници. Пандемијата коронавирус, општо на спортот му зададе вистински удар, сега работите полека се враќаат во нормала.

Џонсон потенцира дека ќе биде дозволено и патување на фановите на гостински терен.

ПретходноАлександар Ристевски нов играч на Работнички
СледноПрвата рунда преговори меѓу Ливингстон и МЗТ Скопје – неуспешна