Тимот на Манчестер Јунајтед денеска и официјално стартуваше со овогодинешните летни подготовки.
Во својата база, клубот стартуваше со дел од играчите, нормално со оглед на фактот што Англија е на сред ЕУРО и игра полуфинале, а и новитетите од типот на Санчо сеуште не се пристигнати.
Јунајтед најпрво ќе работи во домашни услови, а закжаните пријателски средби се следните. На 18 јули се игра против Дерби Каунти, на 24. против Квинс Парк Ренџерс, на 28. против Брендфорд, а на 7 август против Евертон.