Кербер со 10-тата победа по ред избори полуфинале на Вимблдон

120

Фаворитките ја оправдаа улогата на првите три денешни натпревари на Вимблдон. Германката Анџелик Кербер со убедливи 2-0 во сетови славеше против Мучова од Чешка. Со тоа Кербер ја запиша 10-тата победа по ред со што потврди дека е во одлична форма и спремна да оди до трофејот на лондонскиот Грен слем.

Таа во полуфиналето ќе игра со подобрата од мечот Барти-Томљановиќ кој е во тек.

Другиот полуфинален пар го сочинуваат Каролина Плишкова – Арина Сабаленка. Плишова со 2-0 ја совлада Голубиќ од Швајцарија, додека Сабаленка од Белорусија беше подобра од Жабер од Тунис со идентични 2-0.

ПретходноСилјановски е нов играч на Динамо од Тирана
СледноФранцузинот и се освети на Барселона