Некогашната желба на Милан стана спортски директор на Локомотив Москва

528

Ралф Рангник, еден од најдобрите специјалисти во светот во фудбалска едукација, развој на фудбалери и создавање на систем за професионален развој и мотивација на фудбалери е нов член на Локомотив Москва. Рангник прифати да биде спортски директор и директор за развој на Локомотив Москва и потпиша тригодишен договор.

Досега Рангник беше дел од Ред Бул, поточно работеше во развој на клубовите што се под капата на оваа компанија: Салцбург, Лајпциг, Њујорк и Брагантино. Како спортски директор на Лајпциг ги имаше најдобрите успеси затоа што за четири сезони клубот од регионалната лига стигна до Бундес лигата, но и до Лигата на шампионите.

Неговото име се поврзуваше и со Милан, да биде спортски директор на „Сан Сиро“ како и нивен тренер но тој одби. Сега ќе го развива Локомотив Москва.

ПретходноОд цела Бундес-лига, само Баерн Минхен ќе игра пред помал број на публика
СледноКоларов, сепак, потпиша нов договор со Интер