Иако Галатасарај, Фенербахче и Трабзонспор се во жестока битка да го добијат потписот на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, сепак, може да се случи тој и воопшто да не заврши во Турција.
Весникот „Сабах“ денеска пишува дека Фенербахче се посилно е заинтересиран да го донесе Алиоски во својот тим, но нашиот репрезентативец се уште не одговорил на ниту една понуда. Галатасарај и Трабзонспор исто така чекаат одговор, а во меѓувреме агентот на Џани добил понуда од ЦСКА (М) и тоа вредна 2,5 милиони евра по сезона.
Оваа сума објективно им прави проблем на Турците кои веројатно нема да одат со подобра понуда од оваа која е на маса.