Трансферите од Барселона во Реал Мадрид и обратно, не се секојдневни, па дури и кога станува збор за кошарката. Меѓутоа веста на денот од кошаркарски аспект доаѓа од Шпанија.
Адам Ханга ја напушти Барселона, и како слободен играч се сели во Реал Мадрид, објавија медиумите во Шпанија.
Репрезентативецот на Унгарија веројатно се договорил со „кралевите“. Тој ја напушта Барса после четири години, а во минатото играше за Манреса и Басконија.