Анте Шимунџа: Оваа победа не е доволна за да минеме понатаму, има и реванш

217

Екипата на Шкендија вечерва загуби во првото коло од квалификациите на Лигата на Шампионите против тимот на Словеечка Мура. Тренерот на Словенците, Анте Шимунџа секако презадоволен од резултатот 0:1, вели дека ништо не е готово, и дека допрва ќе се дознава победникот од овој дуел

„Бевме прагматични на овој меч. Фајтерски меч, многу борба. Победивме, но ова не е, доволно овАнте а за да пројдеме.  По првиот меч никогаш ништо не е готово. Има уште еден меч, Шкендија има квалитет. Мислам дека Обрадовиќ се покажа зошто е најдобар голман во Словенија, но не е само тој причината зошто ние победивме вечерва. Имавме три стопроцентни шанси за да зголемите на 0:2“ – рече Шимунџа

ПретходноОдложена продажбата на акциите на ФК Пелистер, се бараат дополнителни информации од заинтересираната компанија
СледноЃока: Игравме добро, но ни фалеше гол