Лоренцо Инсиње е на пат по долги години да го напушти тимот на Наполи. Сега веќе 30. годишниот напаѓач, има опции да замине во некој од големите Европски клубови. Вакви информации се лиферуваат по сите медиуми, особено во Италија, а нормално за и околу нив, побаран е поментар од првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.
Тој е познат како човек кој нема влакна на јазик, што се потврди и во овој случај.
„Лоренцо е наше момче, производ на нашата фудбалска академија. Но, ако дојде сега и ми каже дека веќе не сака да игра зџа Наполи и повеќе не му се допаѓа тука, тоа треба веднаш да го стори. Ако тој одлучи да замине тоа ќе биде исклучиво негова одлука не и наша, изјави првиот човек на Наполи.