Барселона ја намалува цената на Кутињо

266

Раководството на Барселона е подготвено драстично да ја намали цената на крилниот напаѓач Филипе Кутињо. На „Камп Ноу“  се подготвени да се разделат од Бразилецот доколку добијат понуда од околу 25 милиони евра, пишува Фудбал Еспања.

Кутињо беше донесен во Барса од Ливерпул за бомбастична сума од 135 милиони евра. Сепак, тој разочара со настапите за Каталонците, кои веќе бараат начин да се ослободат од него, иако ќе бидат во огромна загуба. Клубот веќе се раздели со Франциско Тринкао, кој замина на позајмица во Вулверхемптон, а на Самуел Умтити и Миралем Пјаниќ им беше понудено да си заминат со спогодбен раскин што овие двајца засега одбиваат.

ПретходноШкендија по четврти пат во поход на нешто големо во квалификациите во Лигата на Шампионите!
СледноЗрински го промовираше Марио Крстовски