Драган Бајиќ наскоро ја почнува својата „авантура“ на чело на најдобрата македонска кошаркарска репрезентација. Прв предизвик за новиот селектор ќе бидат претквалификациите за место во квалификациите за Светското првенство 2023 година.
Првиот собир е закажан за 12. јули во СЦ „Јане Сандански“. До овој датум останува енигма стручниот штаб на Бајиќ. Пред повеќе од два месеци пишавме дека босанскиот стратег нема да соработува со Ерен Хангун.
Но, Турчинот не е единствениот кој нема да го видиме во стручниот штаб. Бајиќ направи целосна реконтрукција. Никола Василев, Ѓорѓи Кочов и Горан Самарџиев, не влегоа во комбинацијата на новиот предводник.
Единствен Македонец ќе биде Александар Јончевски, информација исто која СПОРТМЕДИА ја објави пред два месеци. Се чини дека бројот на помошници ќе биде помал, а меѓу нив ќе има најмалку еден странец, чие име се уште не се открива иако подготвките почнуваат на неполна недела.
Македонија првиот меч во претквалификациите го игра на 12 август против Швајцарија, два дена подоцна е дуелот со Словачка, по што следат реванш средбите со истите селекции. Швајцарија на 16. август, Словачка на 18. август, домаќин на овој турнир е Скопје.