Бразил во финалето на Копа Америка! Магија на Нејмар и гол на Пакета (ВИДЕО)

1356

Бразил ќе ја брани титулата во Копа Америка откако ноќеска го победи Перу со 1:0 во полуфиналето.

Бразилците успеаја да дојдат до победата до победа, и да си закажат меч во кој ќе го бранат трофејот од ова натпреварување, освоено пред три години.

Бразил тргна фуирозно, имаше две шанси Нејмар, но немаше гол, а потоа и Ричарлисон се обиде.

Во 35. минута магија на Нејмар, одличен дриблинг, потоа и асистенција до Пакета кој носи предност.

Во вториот дел Перу се обиде да израмни, но пропуштија неколку добри шанси, па така Бразил отиде во финале.

А во финалето ги чека подобриот од дуелот Аргентина – Колумбија.

ПретходноНема гаранција дека Донарума ќе биде прв голман на ПСЖ
СледноЈа напушти Барселона за да замине во Реал Мадрид