“Ние нема да купиме никого по сегашни цени. Невозможно е, не можеме да си го дозволиме тоа. Сите клубови имаат финансиски тешкотии, ние не сме исклучок. Ги имаме Габриел Жезус и Феран Торес, кои добро се снаоѓаат како напаѓачи, имаме и млади момчиња кои се наметнуваат“ – изјави Пеп.
Изјавата на шпанскиот менаџер е во врска со најавениот интерес на Сити за голгетерот на Тотенхем Хари Кејн и напаѓачот на Барселона Антоан Гризман. кои очигледно се само медиумски шпекулации и ништо повеќе.