Еуро 2020: Италија и Шпанија одат во продолженија (ВИДЕО)

179

Италија и Шпанија ќе мора да одиграат дополнителни 30 минути за да го одредат првиот патник во финалето на Еуро 2020. По еден гол во второто полувреме не одведе до конечни 1:1, по што стана јасно дека битката во Лондон ќе продолжи.

Првиот дел на „Вембли“ помина главно во неинвентивен и прилично досаден фудбал. Шпанците ја имаа повеќе топката в нозе, но без вистинска шанса за гол. Единствената можност ја имаше Дани Олмо во 25. минута, но Донарума одбрани.

Италија во последната минута од првиот дел се закани преку Емерсон Палмиери, кој ја погоди пречката.

Вториот дел почна многу подобро. И Италијанците и Шпанците како да сфатија дека треба да се обидат со малку поотворен гард. Првата вистинска шанса, практично, и веднаш донесе гол. Киеза успеа да освои топка во шеснаесетникот на противникот и со еден извонредно пласиран удар ја смести топката во голот на Симон за водство на „аѕурите“ од 1:0.

 

Шпанија можеше веднаш да возврати, но Ојарзабал по една уфрлена топка, биеше со глава крај голот на Донарума. Шпанците направија уште неколку шанси во продолжение, но Олмо не успеа исто така да реализира.

Италија имаше шанса и преку Берарди во 68. минута, но шутираше по средината на голот на Симон.

На самиот почеток на 80. минута, извонредна двојна комбинација Олмо – Мората донесе гол. Резервистот Алваро Мората доби одлична топка, го одбра вистинскиот агол и погоди за израмнување на 1:1.

 

ПретходноБруклин не е задоволен од Кајри, му подготвува размена
СледноСаутгејт: За разлика од нас, Данците еднаш го освоија европското првенство